Часовникот што застана во земјотресот во 1963 година оштетен во невремето
Актуелно

Часовникот што застана во земјотресот во 1963 година оштетен во невремето

22. 07. 2026.

По силното невреме што вчера го зафати главниот град, оштетувања се забележани и на еден од најпрепознатливите симболи – часовникот на Музејот на град Скопје.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град.

Во вчерашното невреме оштетена е стрелката која ги означува минутите. Часовникот покажува време 5 часот и 17 минути, тоа е моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа.

Покрај овој објект, невремето предизвика штети и на повеќе државни институции и објекти од витално значење, а надлежните служби и натаму вршат проценка на последиците и работат на нивна санација.

Извор: plusinfo.mk