Невремето во Скопје откорна 35 покриви и 189 дрвја, оштетени 117 возила
Актуелно

Невремето во Скопје откорна 35 покриви и 189 дрвја, оштетени 117 возила

22. 07. 2026.

Невремето што во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје направи голема материјална штета. Според пријавите од граѓани кои пристигнуваат до Министерството за внатрешни работи евидентирани се 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица.

Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Оснвното јавно обвинителство, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Невремето остави последици и во повеќе градови низ државата.

Во Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови, а во Тетово евидентирани се 5 настани, од кои 3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови, додека на подрачјето на Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица. Во Велес има две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја, додека во Струмица паднати се електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица. Во Штип регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.

Поради протекување на кровот на Меѓународниот аеродром во Скопје, имаше прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина. Штети имаше и во Транзитниот центар Табановце на дел од привремените објекти за сместување на мигранти, шатори и помошни објекти, како и паднати дрвја без предизвикана материјална штета.

Извор:meta.mk