Првиот следен празник е 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Оваа година празникот се паѓа во вторник, па оние кои ќе земат слободен ден во понеделник, 7 септември, можат да спојат дури четири слободни денови.
Така, слободни ќе бидат сабота, 5 септември, недела, 6 септември, понеделник, 7 септември и вторник, 8 септември.
Следната можност за продолжен викенд доаѓа во октомври.
12 октомври (понеделник) е неработен ден по повод Денот на народното востание. Бидејќи 11 Октомври оваа година се паѓа во недела, неработниот ден се пренесува во понеделник, со што се добива продолжен викенд.
Само десетина дена подоцна следува уште еден неработен ден. 23 октомври (петок) се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, па и овој празник носи три слободни денови во низа – петок, сабота и недела.
Последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од католичка вероисповед календарот има уште два неработни датуми – 1 ноември (недела), Празникот на сите светци, и 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.
Еве ги неработните денови до крајот на 2026 година:
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста на Република Македонија
- 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“
За католиците:
- 1 ноември (недела) – Празник на сите светци
- 25 декември (петок) – Божиќ
Ако сакате краток одмор во септември, најповолната опција е токму 8 Септември – со само еден ден одмор во понеделник, можете да добиете четири слободни денови по ред.
