Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 13 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.
Според УХМР, во петок, под влијание на влажен бран, се очекуваат повремени врнежи од дожд, локално и пообилни, со над 15 литри на квадратен метар. На одделни места врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, а температурите значително ќе се намалат.
За време на викендот времето ќе се стабилизира. Утринските температури ќе бидат пониски, додека дневните постепено ќе растат. Во понеделник повторно се очекува локална нестабилност со можност за дожд и грмежи.
