Најмногу слободни позиции, вкупно 2.980, имало во услужните дејности и продажбата, додека највисока стапка на слободни работни места е забележана во секторот за сместување и услуги со храна.
Најмногу работници се бараат во:
? Услужни дејности и продажба – 2.980
? Преработувачка индустрија – 1.990
? Трговија – 2.404
? Сместување и послужување храна – 1.338
? Административни и помошни дејности – 1.041
Највисока стапка на слободни работни места има во сместувањето и послужувањето храна – 6,23%.
Во исто време, во јуни активно барале работа 88.541 лице. Најголем дел од нив имаат пониско ниво на образование, што укажува на несовпаѓање меѓу профилот на барателите на работа и потребите на работодавачите.
Според анкета меѓу работодавачите, приватниот сектор очекува отворање на 14.498 нови работни места, најмногу во преработувачката индустрија, трговијата, градежништвото и угостителството.
