На електричен тротинет со телефон на уво „чини“ 100 евра казна - Македонската полиција почна со казнувањето
Актуелно

На електричен тротинет со телефон на уво „чини“ 100 евра казна - Македонската полиција почна со казнувањето

23. 07. 2026.

Полицијата веќе казнува за непочитување на новите правила за управување на електрични тротинети.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапи на сила на 14. јули, а досега се изречени 12 парични казни. Како што соопштуваат од МВР за Скопје Инфо засега не се одземени тротинети. 

Законот е објавен во Службен весник на 06.07.2026, а во сила стапи осмиот ден од денот на објавувањето.

- Од страна на Одделението за безбедност на патиштата и сообраќајот, почнувајќи од 14.јули преземени се следниве мерки:
-три мерки за управување електричен тротинет без користење заштитен шлем (кацига) – глоба во износ од 50 евра,
-нема одземени тротинети, информираа од полицијата. 

Дополнително преземени се 10 мерки по останатите членови и тоа:

- девет мерки за управување електричен тротинет по површина на која не е дозволено движење на ваков вид возила – глоба во износ од 80 евра;

- една мерка за користење мобилен телефон при управување на електричен тротинет - глоба во износ од 100 евра.

Сите преземени мерки се однесуваат на полнолетни лица, појаснуваат од МВР. 

Иако на сила е забраната за управување на електрични тротинети од страна на малолетници, изминатиот викенд во полиција е пријавена сообраќајна несреќа во Скопје во која учествувале токму деца со тротинет. 

Имено, двајца 15-годишници се повредени во сообраќајна несреќа што во саботата попладне се случила во Скопје, при судир меѓу патничко возило и два електрични тротинети. 

За овој случај од МВР за Скопје Инфо информираат дека се превземаат законски мерки. 

Извор: skopjeinfo.mk