Главните причини за преселбите се подобрите можности за вработување, образованието на децата и повисокиот животен стандард што го нудат градовите.
Статистиката покажува дека во сите региони бројот на луѓе кои се преселиле од село во град е поголем од бројот на оние што заминале да живеат во село. Најголема разлика е забележана во Југозападниот регион, каде 359 лица се преселиле од село во град, наспроти 176 кои се преселиле од град во село. Во Пелагонискиот регион 306 жители се преселиле во град, а 88 во село, додека во Источниот регион од село во град се преселиле 320 лица, а во обратна насока 115.
Сличен тренд е регистриран и во Вардарскиот, Југоисточниот, Полошкиот, Североисточниот и Скопскиот регион, што укажува дека руралните средини и натаму се соочуваат со намалување на населението.
Во меѓувреме, повеќе европски земји, меѓу кои Италија и Шпанија, воведуваат финансиски стимулации и други мерки за да привлечат нови жители во селата, додека во Македонија миграцијата кон градовите останува доминантен тренд.
Извор:фактор.мк
