Само во јули 2026 година, бројот на работници во индустријата бил помал за 2,6% во однос на јули 2025 година.
Најголем пад е забележан во рударството и вадењето камен, каде бројот на работници се намалил за 7,8%. Во преработувачката индустрија падот изнесува 2,3%, додека во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистриран пад од 0,9%.
Намалување на бројот на работници е забележано во сите главни индустриски групи. Најголем пад има кај нетрајните производи за широка потрошувачка од 3,6%, потоа кај енергијата од 3,3%, интермедијарните производи од 2,4%, капиталните производи од 2,3% и трајните производи за широка потрошувачка од 2%.
Од друга страна, индустриското производство во јули 2026 година пораснало за 1,3% во споредба со истиот месец минатата година.
За периодот јануари – јули 2026 година, индексот на индустриското производство изнесува 100,9 во однос на истиот период од 2025 година.
