На настанот воведно обраќање ќе има министерот за здравство Сашо Клековски.
Во текот на работилницата ќе бидат презентирани анализи за состојбата со користењето на боледувањата, предизвиците со кои се соочува системот, како и европските практики и искуствата на Словенија во оваа област.
Предвидена е и дискусија за можни решенија и мерки што би придонеле за поефикасно управување со боледувањата и подобрување на постојниот систем.
