Утре, сабота 5 септември: Авионска дезинсекција против комарци во Скопје
Актуелно

Утре, сабота 5 септември: Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

04. 09. 2026.

Градот Скопје информира дека во сабота, 5 септември, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на територијата на градот.

Дезинсекцијата ќе се реализира доколку временските услови дозволат. Во случај на неповолно време, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со соодветни услови, во истиот термин.